КОНКУРСИ

ИМАШ ЛИ ЖИЧКА ЗА МУЗИКА?!


Ако имаш жичка за музика, умееш да свириш, знаеш да фатиш ритам, те сака сцената, те препознаваат, освојуваш награди… не двоуми се! Пријави се на Конкурсот на Охридска банка Сосиете Женерал за млади инструменталисти и стани првиот член на Клубот на таленти на ОБСЖ и првиот стипендист на Банката.
Право на учество имаат млади инструменталисти на возраст од 14 до18 години, односно родени во периодот 2000 ‒ 2004 година.
Инструменти што се земаат во предвид на Конкурсот:

  • Клавир
  • Хармоника
  • Виолина
  • Виолончело
  • Виола
  • Гитара
  • Контрабас
  • Хорна
  • Харфа
  • Обоа
  • Кларинет
  • Флејта
  • Труба
  • Фагот
  • Саксофон
  • Тромбон
Аплицирањето се врши електронски, директно на веб-страницата, во делот „Аплицирај“, преку пополнување на формуларот за аплицирање.
Рокот за аплицирање е најдоцна до 30 Септември 2018 година, 23:59 часот.
По завршувањето на Конкурсот, Банката заедно со стручното жири ќе направи избор на 7 – 12 финалисти и ќе ги објави на веб-страницата, најдоцна до 10 Октомври 2018 година. Банката го задржува правото да ги менува условите на објавениот конкурс во секое време.
По објавувањето на финалистите, тие ќе треба да испратат информација за тоа која композиција или пиеса ќе ја изведуваат на финалната вечер, а таа треба да биде со времетраење од 5 до 12 минути.

Финалисти:

1. Арда Мустафаоглу – Пијано

2. Виктор Рафајловски – Пијано

3. Дани Жоговска – Пијано

4. Александра Гическа – Пијано

5. Даниел Мојсоски – Виолина

6. Наоми Георгиевска – Виолина

7. Леонардо Димоски – Виолина

8. Рикардо Хуна – Кларинет

9. Андреј Јандријески – Гитара

  • универзитетски професор, пијанист
  • универзитетски професор, дувач
  • стручен член, виолинист
На 24 октомври 2018 година, во 19.00 часот, во малата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на кој избраните финалисти ќе настапат пред стручното жири.
Победник на конкурсот е 16-годишниот Арда Мустафаоглу, кој стана првиот стипендист на Охридска банка Сосиете Женерал и добитник на годишна стипендија во износ од 100.000 денари.
Посебна награда за препознаен потенцијал за иден развој доби 15-годишната Наоми Георгиевска, која притоа стана добитник и на годишна стипендија од 50.000 денари.