Клубот на таленти на ОБСГ е нова платформа на Охридска банка Сосиете Женерал што произлегува од годишната стратегија на Банката за општествена одговорност.
Преку различни конкурси во повеќе области ќе се обидеме да најдеме млади, амбициозни и талентирани поединци и групи и нив финансиски да ги поддржуваме.
На долг рок, Клубот на таленти на ОБСГ ќе остави печат и придонес во општеството и истовремено ќе им подаде рака на младите потенцијали на нашата земја, токму кога тоа им е најпотребно.